еМагазин
Image default
Локално

Возило удри и усмрти мечка на автопатот Тетово-Скопје

Четириесет и три годишен возач од Кичево со својот автомобил удрил во мечка ноќеска на автопатот Тетово-Скопје, а при инцидентот нема повредени луѓе.

Поради ударот мечка е усмртена.

-Ноќеска околу 2:20 часот, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на месноста „Карпалак“, патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ф.О. од Кичево, удрило и усмртило мечка.

Нема повредени лица во возилото, соопшти денес портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Потоа на местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

МИА/Фото: Photo by Joshua J. Cotten on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата даде зелено светло за „автобуско метро“ во Скопје

Редакција

Четириесетгодишник од Делчево приведен поради обљуба врз момче од Македонска Каменица

Редакција

Кратовчанец починал на работа

Редакција