еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Полицаец и едно лице загинаа при вршење полициска контрола на скопската обиколница, откако во нив удри камион

Полицаецот С.Б. кој беше потешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај скопската обиколница им подлегнал на повредите во Ургентниот центар, потврдија од МВР за МИА.

Вториот повреден полицаец е вон животна опасност.

Според информации од МВР, во несреќата во која учествувале патничко и полициско возило и камион, на самото место загина совозачот во „бмв“-то, а меѓу повредените е и возачот.

Несреќата, како што наведуваат од МВР, се случила во моментот кога полицаец, кој вршел редовна контрола на брзината на движење на возилата, го запрел автомобилот „бмв“. Во тој момент камион „ман“ удрил во „бмв“-то, по што тоа удрило во полициското возило „шкода јети“ и се запалило.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје вчера изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница.

Posted by Murat Beqiri on Петок, 21 јуни 2019

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден потешко повреден во сообраќајката кај обиколницата на КАРИЛ во стабилна состојба, полесно повредениот полицаец пуштен дома

Неофицијално, и еден од полицајците починал како последица од сообраќајката на скопската обиколница

МИА/Видео: Murat Beqiri/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема јавни податоци за фирмата која ја презема „Тор индустрис„ на внукот на Ахмети, Дрин

Редакција

Бугарското МНР го осудува оштетувањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Редакција

Не загрижува означувањето на законите за коридорите 8 и 10д со европско знаменце, вели евроамбасадорот Гир

Редакција