Најмалку пет лица се повредени во инцидент со пукање во парк во градот Форт Ворт, Тексас, јави Си-Ен-Ен.
За време на инцидентот во паркот имало околу 600 луѓе. Полициските службеници кои се нашле на местото на пукањето, петмината повредени ги однеле во болница.
Полицијата соопшти дека три лица се здобиле со полесни повреди, додека две се во критична состојба.
Во соопштението не се посочени детали за жртвите или можните осомничени лица во нападот.
Истрагата е во тек, а во неа, покрај локалната полиција, учествува и полицијата на државата Тексас, како и сојузната полиција.
Во Тексас беа укинати карантинските мерки на 1 мај, а се планира и нивно дополнително олеснување. Парковите се отворени, а луѓето се повикуваат да ги почитуваат мерките за физичка дистанца.
МИА/Фото/Видео:Њујорк Тајмс/Youtube/CBDSVF/Basell34