Нови вознемирувачки снимки од Техеран, Иран го обиколија светот.
На снимките се гледа како иранските безбедносни сили отворија оган врз луѓе на метро станица во Техеран и тепаат жени кои не носат задолжителна покривка за коса.
Во Иран веќе трет месец се протестира за смртта на 22-годишната Иранка со курдско потекло, Махса Амини, која почина во притвор на полицијата за морал на 16 септември по нејзиното апсење за наводно прекршување на иранскиот строг кодекс за облекување за жените.
Демонстрациите се интензивираа во вторникот, кога организаторите на протестот повикаа на тридневна акција за одбележување на „крвавиот ноември“ од 2019 година, кога стотици беа убиени за време на протестите против покачувањето на цените на горивото.
Во демонстрациите досега загинаа најмалку 300 лица.
Видео: Guardian News