Осум цивили загинаа, а 24 се ранети во ракетните напади врз Киев утринава, изјави помошникот на украинскиот министер за внатрешни работи Ростослав Смирнов.
Шест автомобили се запалија по нападот, а повеќе од 15 возила беа оштетени, објави Смирнов на Фејсбук.
A video camera captured the moment of the morning attack near the Arch of Freedom of the #Ukrainian people in #Kyiv. pic.twitter.com/zN9dcsViZK
— NEXTA (@nexta_tv) October 10, 2022
Тој додаде дека 30 припадници на службата за итни случаи и шест единици за брз одговор се на местото на настанот во киевскиот кварт Шевченкивски.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека проектилите погодиле „критична инфраструктура“ во градот.
„Главниот град е нападнат од руски терористи“, напиша Кличко на Телеграм.
A girl was recording a video message in #Kyiv and was hit by an explosive wave. pic.twitter.com/LJIX5iDmWK
— NEXTA (@nexta_tv) October 10, 2022
Најмалку 75 проектили истрелани во денешните напади врз Украина
Началникот на генералштабот на украинската армија Валериј Залужни соопшти дека денеска врз Украина биле истрелани 75 проектили.
Shevchenko Park in central Kyiv now. Probably the city’s busiest park, usually packed with people and street musicians pic.twitter.com/9kIS4rBiKq
— Matthew Luxmoore (@mjluxmoore) October 10, 2022
Залужни на Твитер напиша дека 41 од нив биле соборени од воздушната одбрана на Украина.
„Вооружените сили прават се за да ги заштитат сограѓаните. Сепак, непријателскиот напад продолжува. Ги повикувам сите да останат во засолништа!“, напиша тој.
Украинското Министерство за одбрана на Фејсбук напиша дека ќе се одмазди за денешните руски ракетни напади.
Нападите во Харков предизвикаа прекини на вода и струја
Руските ракетни напади во Харков погодија локација на енергетската инфраструктура, што предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода во некои области на градот, изјави градоначалникот на Харков, Игор Терехов.
Над Харков се регистрирани три летови на проектили и „специјалистите и комуналните работници прават се што можат за да го вратат нормалниот живот во Харков“, напиша Терехов на Телеграм.
Регионалниот шеф на Харков, Олег Синегубов, исто така, ги потврди нападите.
„Непријателот го напаѓа Харков. Има експлозии во градот“, напиша тој на Телеграм.
МИА/Фото: Руско министерство за одбрана/видео: Nexta TV