еМагазин
Image default
Локално

Инцидентот во Техномаркет во Скопје се случил во септември, напаѓачите се приведени

Во врска со видео материјалот кој е објавен вечерва на неколку портали, со тврдење дека станува збор за денешен настан, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека станува збор за настан од месец септември, кој е целосно расчистен и насилниците се приведени.

-Имено, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 25.09.2023 ги лишиле од слобода Ф.В. (25) и А.Ф. (33), двајцата од Скопје поради основано сомнение дека на 20.09.2023 во продажен објект кај арената „Тоше Проески“ физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје.

Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото.

Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка домашен притвор. Апелираме да не се шират лажни вести кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Како полицијата и пожарникарите извлекуваа заглавени возила во Скопје

Редакција

(Галерија) Снежна бајка на Попова Шапка

Редакција

Прилепчанка се заканувала дека ќе запали угостителски објект

Редакција