еМагазин
Image default
Локално

Вработен во билетарата на Самоилова тврдина си присвоил дел од прометот

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“, информира МВР.

„Во период од 07.02.2019 до 31.12.2019 во својство на службено лице-продавач на билети во локалитетот Самоилова тврдина при НУ„Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј“-Охрид, пријавениот дел од прометот не го прикажал во сметководство и финансии, така што при извршен попис на 31.12.2019, комисиски бил констатиран кусок од продажба на штета на НУ„Завод за заштита на споменици на културата и Музеј“-Охрид“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовец за време на полициски час дивеел со „БМВ“

Редакција

Се трага по давеник во Дојранско Езеро, се превртел со педалинка, а не знаел да плива

Редакција

Внимателно и денеска на планина: Полицајци со ратрак евакуирале неколку млади од Попова Шапка

Редакција