еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Внимателно и денеска на планина: Полицајци со ратрак евакуирале неколку млади од Попова Шапка

Поради лоши временски услови неколку млади денеска се засолнале во малата куќичка во ски лифтот Г-стазата на Попова Шапка. Тие биле евакуирани со ратрак и се во добра здравствена состојба.

-Во 15:35 часот на бројот за итни повици 112 добиена е пријава од млади лица кои заглавиле во Попова Шапка и истите се наоѓле во малата куќичка која се наоѓа во ски лифтот Г-стазата.

Поради лошите временски услови силен ветер и снег и магла истите неможеле да се спуштат надолу, бидејќи видливоста била ограничена само на неколку метри, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

РЦУК Тетово ја известила полициската станица на Попова Шапка, од каде со помош на Ратрак околу 16 часот младите лица биле симнати на безбедна локација и се во добра здравствена состојба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ постигна нов рекорд летово, превезе 33 милиони патници

Редакција

21 лица од новозаболените со Ковид-19 во Македонија патувале во странство

Редакција

Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов се годинешните добитници на Орден за заслуги

Редакција