еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Виз ер“ постигна нов рекорд летово, превезе 33 милиони патници

„Виз ер“ објави нов летен рекорд откако превезе 33 милиони патници од април до септември 2023 година, информираат од таму.

Резултатите покажуваат значителен раст за европскиот превозник, при што бројот на патници е зголемен за над 24% во споредба со претходното лето. Со повеќе од 33 милиони патници за летната сезона, кои обично резервираа однапред за да го обезбедат својот заслужен одмор.

„Виз ер“ во Македонија постигна над 30% годишен раст на бројот на патници во лето, додека достигна стапка од 99,22% за комплетирани летови. Најпопуларните дестинации за македонските клиенти ова лето беа дестинациите во Германија и Италија.

Во однос на силните резултати, „Виз ер“ го објави летниот распоред за 2024 година, кој сега е во продажба со летови кои почнуваат од само 9,99 евра, охрабрувајќи ги патниците да резервираат сега за пристоен летен одмор.

Патниците можат да резервираат летови од Скопје и Охрид до популарните европски дестинации Меминген (Германија), Болоња (Италија), Стокхолм (Шведска) и Осло (Норвешка) и на новите додадени летови до Љубљана (Словенија) и Луксембург.

„Воодушевени сме што над 33 милиони луѓе избраа да летаат со Wizz Air ова лето. Уште повеќе, ние сме среќни што им ги обезбедивме нашите најдобри стандарди за патување.

„Виз ер“ верува во правењето на патувањето лесно и достапно – затоа на клиентите веќе им нудиме одличен избор на летови за следните летни одмори. Едвај чекаме да пречекаме повеќе патници во нашата млада ефикасна флота, овозможувајќи им да го истражуваат светот и да создаваат најдобри спомени,“ изјави Роланд Тишнер, извршен директор на „Виз ер“ Унгарија.

 Летовите сега се достапни преку апликацијата Wizz Air или онлајн на wizzair.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

61-годишен гевгеличанец обљубил малолетник

Редакција

(Фото) Вработени во НП Шар Планина оделе пеш 90 минути за да го гасат пожарот со метли и лопати

Редакција

Директорот на ДЗС, Симовски тврди дека податоците кои се собрани со пописот се точни

Редакција