еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Коронавирусот мутира и има осум видови, тврдат експерти

Експертите велат дека новиот коронавирусот мутира, како и сите други вируси и сега има осум видови што кружат низ целата планета.

Добрата вест е дека мутациите не се смртоносни, истакна Тревор Бедфорд, чија веб страница  „Некст стреин“ (NextStrain.org) го следи геномот на вирусот користејќи примероци од сите делови на светот.

Експертите ги следат геномите на коронавирусот и откриваат видови што се појавија откако вирусот првпат минатата година се префрли од животно на човек во кинескиот град Вухан.

– На прашањето дали се менува генетски, одговорот е апсолутно да, истакна епидемиологот Марк Липситч од Харвард.

Прашањето е дали се случила некоја промена што го одредува правецот на движење на болеста или пренесувањето или други работи што се важни за луѓето, додава Липситч.

Експертите велат дека новите видови многу малку се менуваат и нема разлика во смртноста.

-Забележаната стапка на мутација (две мутирања месечно) е сосема нормална за вирусите. Грипот обично има ист број на мутации, дури и повеќе, напиша Бедфорд на својот Твитер профил.

-Епидемиите можат да се следат. Во состојба сме редоследно да го секвенционираме геномот за да утврдиме кои видови или родови циркулираат, изјави Чарлс Чиу, професор по инфектологија на Универзитетот во Калифорнија.

И додека досега дешифрираните геноми даваат информации за тоа како неговото ширење може да се запре и дали помага дистанцата меѓу луѓето, а се покажува дека помага, тие не се ништо повеќе од скица, предупредуваат научниците.

Тие се согласуваат дека останува да се открие многу, но микроскопските промени им помагаат да ја утврдат патогената патека низ човечката популација.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Непознат херој во Скопје остави кошница полна со храна за семејства кои западнаа во криза

Фотографија која го трогна светот: Доктор преку стакло се поздравува со синот

Салата во Ротердам каде требаше да се одржи Евровизија станува болница со 680 кревети

(Видео) „Бев на часови по англиски“: Бабичка од Србија му се „правда“ на полицаец зошто е надвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Почна со работа финансискиот центар во Истанбул: Њујорк, Лондон и Дубаи добија конкуренција

Редакција

Место за убиство на ракометарот Денис Тот, на обвинетите да им се суди за тепачка со смртни последици, бара одбраната

Редакција

Владата ќе воведе забрана и посебен режим на движење: Армијата и полицијата излегуваат на улица

Редакција