еМагазин
Image default
Забава

Салата во Ротердам каде требаше да се одржи Евровизија станува болница со 680 кревети

Концертната сала „Ахој“ во Ротердам, во која во мај требаше да се одржи натпреварот за песна на Евровизија ќе се претвори во болница за лица заразени со коронавирусот во Холандија.

Раководството на салата соопшти дека почнале да се поставуваат првите 88 од планираните 680 болнички кревети.

Ахој салата ќе се отвори наскоро и во неа ќе се сместуваат пациенти со коронавирусот или други болести на кои им е потребна нега, но не мора да бидат во болница.

Тоа ќе го намали притисокот врз болниците во Холандија, каде што бројот на заразени нагло се зголеми од моментот кога беше пријавен првиот случај, на 27 февруари.

Холандскиот Национален институт за јавно здравје предупреди дека капацитетот на одделенијата за интензивна нега може да се надмине во наредните недели по оваа стапка на заразување.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фотографија која го трогна светот: Доктор преку стакло се поздравува со синот

Коронавирусот мутира и има осум видови, тврдат експерти

Пиљар одржа лекција по солидарност: Бесплатна марула и два килограми лимони за 150 денари

(Фото) Непознат херој во Скопје остави кошница полна со храна за семејства кои западнаа во криза

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Druggy и Кацар објавија видео за „Да ве чујам„

Редакција

(Фото+Видео) Лара Иванова со нов летен хит: „Нека гори“ наговестува жешко лето

Редакција

Божиќен концерт на 6. јануари на плоштад „Македонија“ во Скопје

Редакција