еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вработен во Министерството за надворешни работи притворен во Србија

Министерството за надворешни работи (МНР) потврди дека еден вработен во Министерството, кој во моментов е упатен во нашата Мисија во ОБСЕ во Виена, е притворен во Република Србија на 27 август 2021 година.

– Министерството за надворешни работи на Република Србија официјално ја има известено Амбасадата на Северна Македонија во Белград.

Според известувањето, надлежниот суд во Србија определил екстрадиционен притвор по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство, информираат од МНР.

Работниот однос на притворениот вработен, според МНР, ќе му биде во мирување сѐ додека случајот не биде разрешен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скандалозен крај на преговорите: СПЦ ја врати МПЦ-ОА во 1959 година, објави религија.мк

Редакција

(Видео) Нов напад на Москва со дронови, нарушен и сообраќајот на аеродромот Внуково

Редакција

Кој е Блерим Река, кандидатот за претседател на Алијансата за Албанците и Беса

Редакција