еМагазин
Image default
Забава

„Врба“ на Манчевски во кината во Скопје и низ земјата

По светската премиера на Филмскиот фестивал во Рим, филмот „Врба“, и Милчо Манчевски, мајсторот на филмот, се враќаат дома. Светските критики се уште не стивнуваат. Досега преку 20 светски медиуми напишаа позитивни рецензии за филмот.

На 1 ноември е закажана премиера на филмот во Македонска филхармонија, но она што е куриозитет е што од истата вечер филмот почнува со киноприкажување во неколку кино сали на Синеплекс, во Милениум, во Битола, Штип, Охрид, а во неделите што следат, филмот ќе биде на редовниот репертоар во овие кино сали.

За нас е привилегија да го прикажеме филмот пред домашната публика, која сметаме дека не треба да чека за да го види филмот. Затоа во исто време со официјалната премиера која ќе биде на 1 ноември во Македонската Филхармонија, филмот ќе има паралелно кино прикажување и во Синеплекс и Милениум во Скопје, во домот на културата во Битола, Штип и Охрид, а во преговори сме и правиме напори во исто време да игра и низ целата држава.

Во Прилеп прикажувањето ќе почне од 4 ноември. Во следниот период филмот ќе продолжи да си игра на редовен репертоар во овие кино сали“ вели продуцентот на филмот, Јане Ќортошев.

За многу кусо време светската критика се огласи со многу позитивни мислења, а на денешната прес конференција, пред новинарите, режисерот Манчевски, изјави дека не бил изненаден од пофалните зборови за филмот:

„Процесот на правење беше за првпат пријатен и целосно професионален поради посветениот и фокусиран тим, предводен од Јане Ќортошев, Ник Пауел и Иан Прајор. „Врба“ е трагедија со хепи-енд. Има и тажни моменти, ама и многу хумор и радост – како и животот. Премиерата и ја посветуваме на Марко Ќортошев, кој е врсник на „Врба“ и се роди на неколку дена пред премиерата“.

Куриозитет е што филмот има машка и женска верзија. Манчевски за тоа вели:

„Не се разликуваат многу, ама едната е подинамична, а другата подлабока. И двете се подеднакво интересни – на различен начин. Женската верзија ќе се прикажува во Синеплекс, а машката во Милениум“.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Со сечење на џиновската пастрмајлија и настап на Саша Ковачевиќ, Пајак и Лара, започна „Штипската пастрмајлијада“

Редакција

Уште малку билети за детскиот и концертот за денот на вљубените „Бакнеж и танго“ на Македонска филхармонија

Редакција

(Фото) И Фатиме Фетаи на премиерата на филмот „Врба“ на Манчевски

Редакција