еМагазин
Image default
Бизнис

„Врие“ меѓу штедачите на Еуростандард банка: „Се знаат виновниците за грабежот“

Оштетените штедачи од Еуросандард банка бараат одговорност и во соопштение испратено до медиумите наведуваат дека „сега или малку подоцна, одговорност мора да има и парите мора да ни се вратат“.

„Повеќе од јасно е дека Трифун Костовски, Коста Костовски и Николче Петкоски се тројцата првотимци од ограбената Еуростандард банка кои свесно ја иницирале, организирале и спровеле масовната кражба на нашите депозити и средства на тековни сметки во банката.

Нивните потписи, колективни или индивидуални, се наоѓаат на документите со коишто ги одобриле ненаплатливите кредити на стотици избрани фирми во десетици милиони евра со однапред направен план за да истите не се вратат.

Но, недоволно јасно е зошто гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, која е законски надлежна и обврзана да ги штити депозитите на граѓаните и фирмите во банките, ги оставила да крадат и дозволила сега да бидеме целосно ограбени.

Уште повеќе, кои се мотивите на гувернерката Бежоска јавно да не лаже дека нашите депозити се сигурни и безбедни и тогаш кога веќе знаела и донела одлука дека за кусо време ќе ја затвори банката“, наведуваат во соопштението.

Дополнуваат дека „состојбата врие во редовите на оштетените“.

„Кражба, игнорирање и толерирање на организиран криминал нема да помине. Агонијата мора да престане“, порачуваат оштетените штедачи на Еуростандард банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на Финансиската полиција, Муареми: Повеќе од 140 фирми во организираната мрежа во „Еуростандард банка“

Промени во Надзорниот одбор на Еуростандард банка неколку месеци пред затворањето

Трифун Костовски и Гале Галев заминуваат од Надзорниот одбор на Еуростандард банка

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ го доби првиот авион Airbus A321neo од Кина

Редакција

Електродистрибуција ги извести институциите за компаниите кои треба да се вратат од регулиран на отворен пазар на струја

Редакција

Државниот девизен инспекторат вработува, плата до 22.020 денари

Редакција