Повремени врнежи од дожд ќе има утре кон крајот на денот и во четврток. Утринските температури утре ќе се движат од 1 до 7 степени, а дневните од 9 до 17 степени.
Во Скопје утринската температура ќе достигне до 5 степени, а дневната до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во сабота во текот на ноќта и во недела под влијание на нов влажен бран се очекуваат пообилни врнежи од дожд.
И во следните денови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, информираат од УХМР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.