еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски за високите плати во М-НАВ: Со закон ќе се стави ред во платите на раководните лица

Мора да има закон со којшто ќе се стави ред и конзистентност во примањата особено на раководните лица. И затоа предложив, и е во изработка, Закон за плати во којшто ќе се дефинира најголемата плата во државата, и сите плати потоа ќе бидат врз основа на таа највисока плата унифицирани, односно ставени во една конзистентна рамка, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Висината на платите, според Ковачевски, се решава со правење на закон за плати во државата во којшто ќе се направи конзистентност, бидејќи ние, како што рече, во моментов имаме неконзистентност на платите.

„Јас бев тој што го потегна тоа прашање. Веќе на тоа работи Министерството за информатичко општество и администрација.

Тоа е поголем процес, бидејќи се работи навистина за голема управа со голем број на плати, меѓутоа јас нема да отстапам од тој концепт дека мора да има закон со којшто ќе се стави ред и конзистентност во примањата особено на раководните лица.

А што се однесува до другите вработени тоа е предмет на колективно договарање каде што мора да учествуваат и синдикатите заедно со работодавците“, рече Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашања за месечните примања на членови на управни и надзорни одбори, Ковачевски рече дека кога се зборува за менаџирање со одредена компанија или организација, треба да се споредат перформансите со примањата.

“Вчера опозицијата објави примања на директори на М-НАВ, кои се повеќекратно поголеми од сите примања во државата. Висината на тие примања јас не знам како е определена, бидејќи не сум се занимавал со тоа прашања.

Знам дека таму при определувањето на платата има удел и меѓународните организации во кои што таа компанија членува, бидејќи се грижи за контролата на прелетите и летањето над државата.

И самите видовте дека при изборот на кадри кои ќе работат таму ја прават консултантски и експертски куќи надвор од државата“, изјави Ковачевски.

По реакциите во јавноста за начинот на кој е воден конкурсот во М-НАВ, Ковачевски рече дека веднаш ги повикал директорите на владина седница денеска, но тоа во меѓувреме е завршено според барањата на странските експерти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ ги објави платите на директорите на М-НАВ, Хамиди и Крстевски

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Битолски дилер дома чувал 4 килограми амфетамин, 4.000 екстази и 4 килограми марихуана

Редакција

Од Ковид-19 починале девет лица, дополнително пријавени уште девет

Редакција

Осум новозаболени од Ковид-19 во Тетово, Јегуновце, Теарце и Брвеница

Редакција