еМагазин
Image default
Македонија

Софија Филипиду нова амбасадорка на Грција во Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Хеленската Република во Македонија, Софија Филипиду.

–Посакувајќи и добредојде и успех во вршењето на функцијата, Османи ја пренесе убеденоста дека позитивната динамика во односите меѓу двете пријателски земји ќе продолжи и за време на нејзиниот мандат, инфрмираат денеска од МНР.

На средбата биле потврдени блиските односи и плодната трговска размена меѓу двете држави, подготвеноста за активна и отворена соработка во насока на натамошно унапредување на севкупната билатерална соработка, како и важноста на целосна имплементација на договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји – Преспанскиот договор, кој отвори едно ново поглавје во односите меѓу Македонија и Грција.

Како што нагласуваат од МНР, Османи на средбата изразил благодарност за цврстата поддршка на Грција за евроинтегративниот пат на Македонија.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обезбедени гласови на 82 пратеници од потребните 80 за уставни измени?

Редакција

Во затворската казна на Јанакиески за „Титаник“ веќе е пресметан притворот и куќниот притвор, велат од Кривичен

Редакција

Антикорупциска препорачува финансиска ревизија на Агенцијата за млади и спорт

Редакција