еМагазин
Image default
Македонија

Втора смена и работа во сабота, поради зголемен интерес за вакцини во Кавадарци

Поради зголемен интерес за вакцинација против Ковид-19, од денеска е воведена работа во втора смена и работа во сабота на вакциналниот пункт при Јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност Кавадарци.

Од болницата попладнево информираа дека сите кои сакаат да се вакцинираат, може тоа да го направат во периодот од понеделник до петок од 7 до 19 часот и во сабота од 8 до 14 часот.

-Континуирано, нашите здравствени работници се максимално ангажирани со цел адекватно да одговориме на барањата на граѓаните за вакцинација против Ковид-19, соопштија од кавадаречката болница.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рашковски на судењето за „Софтвери“: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена

Редакција

МОН ќе ја брише ДУИ од учебникот по албански јазик за петто одделение

Редакција

Министерот за локална самоуправа Милевски поради лични причини утре ќе поднесе оставка

Редакција