еМагазин
Image default
Македонија

Министерот за локална самоуправа Милевски поради лични причини утре ќе поднесе оставка

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски утре ќе поднесе оставка до Владата. Милевски, како што изјави за МИА, се повлекува од министерската функција поради лични причини.

Според Милевски, до крајот на неделата се очекува неговата партија, Либерално-демократската партија (ЛДП) да предложи нов кандидат за министер.

-Се искучува можноста тоа да биде некој од пратениците, изјави Милевски за МИА.

Горан Милевски e член на Либерално-демократската партија од 1995 година. Од 2015 година ја извршува функцијата претседател на ЛДП. За министер за локална самоуправа е избран на 27 јуни 2019 година.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ракометарот Борко Ристовски сведочеше за „организаторите на 27 април“

Редакција

Кривична за Спасовски од синдикатот

Редакција

Коалицијата „За подобра Македонија“ поднесе Предлог-одлука за формирање анкетна комисија за референдумот

Редакција