еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бектеши оптимист дека Бугарија ќе ни продаде струја по пониска цена

Разговорите за цената за набавка на струја од Бугарија не се завршени. Утре ќе имаме уште еден онлајн состанок заедно со мојот бугарски колега, но многу е важно во решавање на вакви ситуации да се придонесе во духот на добрососедството и продлабочување на соработката меѓу соседите, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, откако вчера Бугарското национално радио (БНР) објави дека Бугарија и Македонија не успеале да постигнат договор за цената на струјата што бугарските производители треба да ја извезат во земјава.

– Во разговорите што ги имав со премиерот Ковачевски, со претседателот Радев, и со премиерот Донев и со мојот колега Христов и гледам добра волја за да имаме договор што ќе биде во корист на двете земји.

Тука зборуваме за технички работи, зборуваме за да се справуваме заеднички со енергетската криза, посебно во делот на грејната сезона и политикантството е оставено на страна, изјави Бектеши, изразувајќи уверување дека со Бугарија ќе биде постигнат договор.

Тој рече дека вчера во медиумите се појавиле неколку наслови во врска со ова прашање, кои како што рече, сите од нив се невистинити.

– Македонија и јас како преговарач и другите секако дека никогаш не побарале да платат електрична енергија по цена на берзата заради тоа што тоа и сега го имаме. Веќе имаме договор со Грција, со Бугарија, со Србија и со Косово да нема застој во делот на пограничните капацитети што значи дека берзите се отворени и такви шпекулации во однос на тоа дека ќе има намалување за 15, 20, 30 отсто од берзанската цена се невистини.

Разговарав со Стопанската комора, ние ги знаеме нивните очекувања и преговорите ги водиме согласно очекувањата на компаниите што се на слободен пазар и во делот на количините и во делот на цената.

Што се однесува на тоа што е проблемот и зошто досега немаме договор со Бугарија веќе се најавени одредени мерки од страна на Европската комисија, што треба да ги реализира и Бугарија како членка на ЕУ. Чекаме кои ќе бидат мерките усогласени целосно со Европската комисија, со цел нашиот потенцијален договор да не се коси со такви мерки, рече Бектеши.

Тој и порача на опозицијата да не лиферува со бројки затоа што, како што нагласи, тука преговараат држава со држава, со цел да не упадне во преговорите заради тоа што Еврокомисијата веќе најави дека може да има замрзнување на цената на електрична енергија од 180 евра, а тие излегуваат со бројки од 400 евра.

На 5 септември премиерите на Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Галаб Донев се договорија да бидат извезени околу 200 мегават часови електрична енергија од Бугарија во Македонија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најтргувани акции на Македонската берза во август

Редакција

Кои се старо-новите членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка

Редакција

Сојузот на борците од НОБ со остра осуда за говорот на Џамбаски

Редакција