еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За Беса „францускиот предлог“ е прифатлив, бараат и да се отстрани „20%“ од Уставот

Движењето Беса будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата по францускиот предлог, велат од партијата.

“Уште еднаш го потврдуваме ставот на Движењето Беса дека интеграцијата на земјата во Европската Унија е единствената опција без друга алтернатива за иднината на Северна Македонија.

Движењето Беса е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки, Движењето Беса уште еднаш потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата.

Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на Уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението“ да се коригира во Уставот и да се замени со терминот „албански јазик“.

Уште еднаш нагласуваме дека Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата, затоа го повторуваме нашето барање за организирање на предвремени парламентарни избори во државата“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Демократскиот сојуз бараат да се промени преговарачка рамка или да се отфрли “францускиот предлог“

Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто

Куновска: Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство

Фото: Касами/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затруени тројца рудари во јама во рудник во Добрево, Пробиштипско

Редакција

„Соникс“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на болнички кревети вреден 396.000 евра

Редакција

Лицето кое утринава се тестираше на корона вирусот е негативно, засега девет се заболени

Редакција