еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За два денари поскапуваат нафтените деривати

Од полноќ цените на нафтените деривати се зголемуваат за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од РКЕ објаснуваат дека зголемувањето се должи на порастот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во однос на одлуката донесена во понеделникот.

Според новата одлука, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84,5 денари за литар, на Еуросупер БС-98 за 86,5 денари, на дизелот 74,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 73,5 денари за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 1,337 ден/кг која сега ќе изнесува 42,338 ден/кг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ: Србија е најдобар пријател на Македонците, ги сакаме и ништо не бараме од нив, освен да бидеме пријатели и браќа

Редакција

Светот во нова агонија: Нова Јужноафриканска мутација на Ковид-19 детектирана во Британија

Редакција

Јавниот долг во второто тримесечје порасна на 59,5 проценти

Редакција