еМагазин
Image default
Бизнис

За една недела спроведени 12.799 вонредни инспекциски надзори

Вкупно 12.799 вонредни надзори се извршени од шестте инспекциски служби во периодот од 27 мај до 3 јуни. Од нив, 11.504 контроли има направено Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Предложено е поведување на повеќе од 25 кривични пријави за кршење на законите и протоколите, а затекнати се и 20-тина нерегистрирани угостителски објекти во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Куманово.

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска – Грашкоска денеска на прес-конференција информираше дека само на првиот ден кога беа воведени протоколите за угостителите, односно на 28 мај извршени се 676 контроли.

– Поради утврдени недоследности во почитувањето на протоколите, првиот ден се изрекуваа само усни укажувања и опомени, но поради многу пропусти забележани првиот ден, се премина на подрастично санкционирање на прекршувањата и изминатите неколку дена предложено е поведување на повеќе од 25 кривични пријави за флагрантно кршење на законите и протоколите, рече Филиповска-Грашкоска.

Од страна на Државниот трудов инспекторат спроведени се 504 контроли со фокус на компании од Штип и Тетово каде се појавија одредени кластери на заболени. Донесени се четири решенија и 20 укажувања за работодавачи кои не постапиле по препораките на Владата.

Државниот инспекторат за транспорт спровел 290 вонредни надзори. Евидентирани се седум прекршувања на уредбите и протоколите и тоа три прекршувања кај посебниот меѓуопштински превоз на вработените во Штип и четири прекршувања за превоз на вработени во Брвеница.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат во овој период направил 225 контроли, а од страна на Агенцијата за лекови и медицински помагала спроведени се 47 контроли и не се забележани специфични отстапувања.

Агенцијата за храна и ветеринарство реализирала 229 надзори во маркети, зелени пазари и прехранбени објекти во повеќе градови при што изречени се 13 решенија за непостоење на општи хигиенски услови во објектите.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за угостителскиот објект каде беше затекнат Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Универзитетската клиника за детски болести вработува 46 лица, плата од 19.200 денари

Редакција

Ќе работат 24 часа: Грција од денеска ги отвара сите гранични премини со Македонија

Редакција

Извозот лани зголемен за 21,8 отсто, најмногу се тргувало со Германија и Грција

Редакција