еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Малолетникот кој со „БМВ Х6“ удри во хирургот Јота оди во куќен притвор и остана без пасош

Јавен обвинител од ОЈО Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во ризик постаро од 14 години, за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и кривично дело „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител од судијата за малолетникот побарал мерка куќен притвор и одземање на пасошот.

„На 25 февруари, детето во ризик, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон сообраќајните прописи и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето.

Иако немал возачка дозвола, тој управувал автомобил БМВ Х6 по булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје и кога дошол на раскрсницата со улицата „Елисие Поповски Марко“ не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот, односно наближувајќи кон обележан пешачки премин не го управувал автомобилот со брзина која би му овозможила да запре и да ги пропушти пешаците.

Така, тој со возилото удрил во пешак кој во тој момент поминувал по пешачкиот премин.

Од ударот, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди поради кои се наоѓа во животно-загрозувачка состојба, а детето во ризик веднаш по несреќата го напуштило местото на настанот без да му укаже помош.

Јавниот обвинител од судијата за деца побара за малолетникот да определи мерка куќен притвор со која ќе го обезбеди неговото присуство во текот на постапката, како и мерка на претпазливост – привремено одземање на патната исправа.

Судијата го прифати предлогот на обвинителот, па на детето во ризик му определи притвор во траење од 15 дена и одземање на пасошот“, соопшти Обвинителството.​

Станува збор за случајот во кој тешко повреден беше хирургот Ѓорѓи Јота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хирургот Јота има тешка повреда на главата, нагмечување на мозокот и на белите дробови

Лекарска комора бара најстрога казна за сообраќајката во која настрада хирургот Јота: Сторителот без да пружи и повика помош, го напуштил местото

16-годишник без возачка дозвола со „БМВ Х6“ го прегазил лекарот Ѓорги Јота кој се здобил со тешки телесни повреди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Снимка од моментот на експлозијата на бомбата во дворот на Раде Трајковски Штекли

Редакција

Активистката за легализација на марихуаната Моника, доби условна казна

Редакција

Каков имот пријавиле уставните судии: Јосифовски со сопругата имаат два стана, а вози Мерцедес бенз

Редакција