еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За многу години: Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалаци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински бајрам-намаз.

Рамазан, деветтиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.

Во текот на рамазанскиот пост муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитер, милостина на сиромашните. Фитерот треба да се даде пред утринскиот бајрам-намаз, а ако некој тоа не го направи се обврзува фитерот да го даде во текот на годината.

Рамазан Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина.

Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодат и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен ден.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Споредба на надоместоците кои ги наплаќаат сите банки во Македонија

Редакција

СЗО: Пак расте бројот на заразени со Ковид-19 во светот

Редакција

Ременски: Видов се освен докази против мене во случајот „Меѓународен сојуз“

Редакција