еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За надоместоци на Управниот и Надзорниот одбор на Жито лукс лани исплатени 13, 8 милиони денари

Надоместоците на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Жито лукс АД Скопје по основ на плати и останати краткорочни бенефиции изнесуваа 13,888 илјади денари (2019: 13,758 илјади денари), информира компанијата во годишниот извештај за минатата година, објавен преку Македонската берза.

“Согласно со одлуката донесена од страна на Надзорниот одбор, месечниот надоместок за членовите на Управниот одбор изнесува 12.000 денари. Според одлука донесена на Годишното собрание, месечниот надоместок за членовите на Надзорниот одбор изнесува 300 евра месечно во денарска противвредност сметанo по средниот курс на НБРСМ на денот на исплатата“, стои во извештајот.

Управниот одбор на Жито лукс го сочинуваат: Николаос Воудоурис – претседател на Одборот (генерален директор на Жито Лукс/извршен директор на ELBISCO SA), Николаос Калимерис – потпретседател на Одборот и заменик генерален директор, Иоаннис Пападопоулос – член на Одборот (главен финансов директор на ELBISCO SA), Катерина Давидовска – член на Одборот, одговорна за прашања од областа на правни работи, Лидија Трајковска-Ристовска – член на Одборот, одговорна за прашања од областа на маркетинг, Оливера Ѓуровска – член на Одборот, одоговрна за финансии и контрола и Киро Ристески – член на Одборот, одговорен на Секторот за производство.

Надзорниот одбор го сочинуваат: Наташа Трпеноска-Тренчевска – претседател (адвокат, основач и управувачки партнер на адвокатска канцеларија Трпеноски), Ирини Патерас – потпретседател – (директор на Службата за истражување и развој на ELBISCO SA), Ставрос Бозикас – член – (советник за организациски промени во ELBISCO SA), Роберта Теова – член – (правник) и Мицхаил Фандридис – член – (економист).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жито лукс за три месеци оствари нето добивка од 5,5 милиони денари

„Жито Лукс“ излезе од загуба за време на пандемијата од Ковид-19: Лани со добивка од 6,7 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Делегација на ЕУ: Македонија неможе да премине во следната фаза од преговорите без уставните измени

Редакција

Еврото ќе биде единствена валута во Косово од 1. февруари

Редакција

Жена починала на паркинг во скопска Кисела Вода

Редакција