еМагазин
Image default
Македонија

За Обвинителство казните за случајот „Организатори на 27 април“ се ниски, за одбраната пресудата е нејасна

Изречените казни за обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” според обвинителката Гордана Смаќоска, се многу ниски. Во изјава за медиуми таа посочи дека е изненадена од ниските казни, бидејќи во претходната пресуда за самите извршители на насилствата во Собранието беа изречени многу високи казни.

– Мислам дека пресудата е таква каква што е. Судијата ќе образложи зошто ја донел и зошто олеснителните околности преовладувале во овој конкретен случај кај едно вакво тешко кривично дело, а не отежителните кои и самите имавте можност да ги чуете колку судот ги нагласува.

Со самото нагласување на сите тие отежителни околности за судот по мое мислење не смееше судот да си дозволи да има пониска казна од 10 години, барем по мое јавнообвинителско видување на самиот настан, бидејќи доколку не постоеја овие обвинети како организатори немаше да се случи и самиот настан, изјави јавната обвинителка Смаќоска.

Кривичното дело „тероризам” според Кривичниот законик се казнува со минимална казна од 10 години затвор.

– Жалба секако ќе има на ваквата пресуда, бидејќи казните се многу ниски. Земете ги во предвид, само една мала компарација ќе направам, Катица Јанева е казнета за полесно кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, каде што максималната казна е 10 година, а доби седум години, па сега јавноста нека направи споредба со висината на казната, а кога ќе ја добиеме писмената пресуда секако ќе вложиме жалба за сите обвинети, рече Смаќоска.

Обвинителката Смаќоска воедно говореше и за амнестијата дадена за настаните во Собранието.

– Таа беше дадена општо без конкретно дело, без конкретни обвинети и без кривични дела и правна квалификација. Таква амнестија никогаш не е дадена за никого во текот на целото правосудство по осамостојувањето на државата, бидејќи ние ги презедовме сите тие закони од бивша Југославија.

Никогаш не е дадена општа амнестија како што е во овој случај. По мое мислење таа е незаконита, не произведува правни дејствија и сето тоа. Зошто судијата ја спомна амнестијата ќе се обратите до него да ви објасни и во која насока амнестијата влијаела за ваква ниска казна, рече Смаќоска.

Адвокатот на дел од обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“, Еленко Миланов, по објавување на пресудата изјави дека останува нејасно за што е донесена оваа пресуда, дали е оваа пресуда за она што се случи на 27 април или за протестите на „Заедничка Македонија“.

– Во образложението не слушнав ниту еден момент, ниту еден факт којшто зборува за дејствија на било кој од моите тројца штитеници за датумот 27 април. И на крајот оваа пресуда уште еднаш покажува дека имаме дежурни сведоци, имаме дежурни лица коишто даваат искази и се главни за сите предмети.

Тоа е Александар Василевски Нинџа, на кого уште еднаш му се поклонува верба и покрај сите факти коишто ги изнесе одбраната и го оспори и девалвира тој исказ до крајни граници, рече Миланов.

Обвинетите во овој случај беа прогласени за виновни и осудени на вкупно дваесет и пет годин затвор.

Најголема казна доби поранешниот претседател на Собранието, обвинетиот Трајко Вељаноски, 6 години и 6 месеци затвор, обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески по 6 години и 3 месеци затвор, и екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасов доби 6 години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски се јави за пресудата за „Организатори на 27“: Со тапани и свирчиња не се прави тероризам, каде се доказите

Куќен притвор за Вељаноски, Ристовски и Атанасов, осудените во случајот „Организатори на 27 април”

Највисока казна за Трајко Вељаноски: Вкупно дваесет и пет години затвор за „Организаторите на 27 април“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Митко Јанчев за Дојче Веле: Гарантирам дека Сашо, Миле и Кирил нема да бегаат!

Редакција

Состојбата на Мицкоски е стабилна, кој се лекува од Ковид-19, вели Филипче

Редакција

ЗНМ: Новинари од 27 април по втор пат жртви, овој пат од судот

Редакција