еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

За прв пат се гласа со отпечаток на прст: Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.824.864 граѓани

Во 7 часот почна гласањето на седмите локални избори од осамостојувањето на државата.

Се гласа на 3.480 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.824.864 граѓани.

Од вкупниот број гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.740.147. Во посебните извори од Избирачкиот список се запишани 82.461 лице, кои се на привремена работа или престој во странство, во согласност со евиденцијата на надлежниот орган, 1.899 гласачи кои на денот на изборите се на издржување казна затвор или се во притвор: 351 лице во установи за вонсемејно сместување и шест гласачи кои, во согласност со евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика, се запишани како раселени лица.

Првпат оваа година гласачите ќе се идентификуваат со уреди за биометриска идентификација преку отпечаток од прст. Овие уреди ќе ги содржат само личните податоци за гласачите од Избирачкиот список во избирачкото место.

Исклучок од гласањето со уреди за биометриска идентификација се лицата кои гласаа вчера – болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии барања биле прифатени од општинските изборни комисии. Вчера гласаа и затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата го обезбедува гласачкото место непрекинато до завршување на изборите

Идентитетот на гласачот задолжително ќе се проверува со отпечаток од прст: Како ќе изгледа тоа?

Првичните резултати од локалните избори, ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три дена ја нема Вања Ѓорчевска, во потргата се вклучи и Интерпол

Редакција

Од Ковид-19 починаа две млади родилки, едното бебе е во критична состојба

Редакција

Промена на времето: Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Редакција