еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За три дена 72 случаи на Ковид-19, нови четворица починати

Нови 72 случаи на Ковид-19 се регистрирани во изминатите три дена (7, 8 и 9 октомври) од вкупно 871 направен тестови, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи, 60 се во Скопје, три во Куманово, по два случаја имаат Битола и Велес и по еден Прилеп, Охрид, Струмица, Струга и Ресен.

Од вкупниот број позитивни 18 се реинфекции.

Регистрирани се 161 оздравен пациент: Скопје – 116, Битола – седум, Куманово, Прилеп и Кичево по четири, Велес, Охрид, Кавадарци, Неготино и Кратово по три, по двајца оздравени има во Тетово, Штип, Гевгелија и Берово и по еден во Струмица, Гостивар и Виница.

Во изминатите три дена не се пријавени починати лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавени се четири починати, со датум на смрт од 14 септември до 6 октомври 2022. Трој

ца се од Скопје, на возраст од 96, 80 и 73 години, и еден од Кавадарци на 58-годишна возраст. Тројца починале во домашни и едно лице во болнички услови.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аргентина по трет пат светски првак во фудбал

Редакција

(Видео) Војната во Украина ќе продолжи и за Велигден, Русија го одбила предлогот за велигденско примирје, информираше Зеленски

Редакција

(Фото) Ковачевски со сопругата на свечена вечера во Вилнус се дружеше со Зеленски, Макрон, Блинкен…

Редакција