еМагазин
Image default
Локално

Зачестени пожари во земјава: Гореа куќи и депонија

На 07.07.2019 во 02.04 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека настанал пожар во викенд куќа во с.Мрзенци, сопственост на К.Љ. од Гевгелија, информира МВР.

Во пожарот делумно е опожарена викендицата. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица во Гевгелија. Увид бил извршен.

Вчера, во 14.30 часот во Полициското одделение Кривогаштани, Љ.В.(55) од с.Бучин пријавил дека настанал пожар во селската депонија во с.Пашино Рувци.

Во пожарот горело сено, а биле зафатени и две ниви засеани со жито и јачмен, сопственост на лицата А.Ј.(73) од с.Пашино Рувци и И.С.(75) од с.Пашино Рувци. Во 14.45 чаот пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани. Увид бил извршен..

Истиот ден, во 11.10 часот во Полициското одделение Групчин било пријавено дека настанал пожар во куќа во сопственост на К.К.(23) од с.Г.Лешница. Во пожарот куќата целосно изгорела.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.  Извршен бил увид на местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец го пронашол братот мртов во својот дом

Редакција

Од утре се воведува автобуската линија 50А до Хиподром 2

Редакција

Млад скопјанец го пронашол мртов синот во својот дом

Редакција