еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Задолжителна вакцинација за државните службеници во Канада

Канадската влада соопшти дека ќе бара од сите федерални службеници и од патниците во железничкиот, воздушниот и поморскиот транспорт да бидат вакцинирани против Ковид-19 поради зголемени нови инфекции со сојот Делта.

-Знаеме дека вакцините се најдобриот начин за ставање крај на оваа пандемија, изјави министерот Доминик Леблан, кој е задолжен за државните службеници.

– Очекуваме сите федерални јавни службеници да го почитуваат ова задолжително барање.

Федералната влада е најголемиот работодавец во Канада.

Од 13 август, 71 отсто од населението во Канада од 38 милиони луѓе примиле барем една доза вакцина против коронавирус. Речиси 62 отсто се целосно вакцинирани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на претплатници на мобилна телефонија зголемен за 3,48%

Редакција

(Фото) Запознајте ги супер хероите од скопската Зоолошка градина

Редакција

Министерството за образование и наука вработува девет лица, плата до 38.689 денари

Редакција