еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: Ако апликацијата „Телеграм“ не ја избрише групата „Јавна соба“, ќе ја разгледаме опцијата за негово блокирање

Премиерот Зоран Заев информираше дека испратиле категорични барања до социјалната мрежа „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“ и немале да престанат да инсистираат на тоа барање сѐ до негово конечно исполнување.

„Доколку апликацијата „Телеграм“ не го затвори каналот “Јавна соба“, каде се споделува порнографска и приватна содржина од наши граѓани, како и детска порнографија, ќе ја разгледаме и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во Северна Македонија, сѐ додека не почнат да соработуваат со нас, со единствена цел да се затвори проблематичната група и да ни помогнат во откривање на идентитетот на оние кои споделуваат слики и прават кривично дело.

Нам како Влада ни на крај памет не ни паѓа да цензурираме комуникација, но ова е нешто друго и мораме да си ги заштитиме своите граѓани.

Денес ова се случува на „Телеграм“, а утре можеби на некоја друга платформа, затоа ние имаме задача и обврска да направиме сѐ да обезбедиме соодветна реакција и од оние кои ги создале овие платформи каде се случуваат вакви кривични дела.

Се надевам дека нема да има потреба од рестрикции за „Телеграм“ и дека уште денес ќе одговорат на нашите бројни барања и ќе почнат да соработуваат.

Сакам да упатам порака и до сите наши граѓани кои споделуваат слики и содржина на таа група во сопственост на други сограѓани, во истиов момент да престанете да го правите тоа и да излезете од таа група.

На крајот на денот ќе ги добиеме податоците, ќе бидете обвинети и ќе одговарате за тоа што го правите,“ напиша Заев на „Фејсбук“.

Тој им порача на жртвите на ова насилство дека ќе се преземат сите неопходни чекори да ве заштитиме и да ги казниме сторителите на овие грозни дела.

„Упатувам поддршка и до сите што покажаа солидарност и осуда за ваквите појави. Така го правиме нашето општество посензибилизирано за овие појави кои мора секогаш да бидат обесхрабрени и осуетени во нивните намери.

Заштитата на приватноста е дел од генетскиот запис на секој човек, и денес, кога се одбележува Денот на заштита на приватните податоци, уште еднаш се соочуваме со заканите од глобални размери и уште еднаш сме повикани сите ние силно да застанеме против оваа појава,“ додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот „Јавна соба“

Психологот Ана Попризова понуди помош за жртвите на „Јавна соба“

„Ќе те уништам со оваа слика„: Сведоштво на уште една жртва на „Јавна соба“

(Видео) Девојката која ја пријави „Јавна соба“ со сведоштво како нејзина фотографија заврши во групата и што доживеала

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарникарите неможеле да најдат функционални хидранти: Во пожар во Скопје изгореа дел од напуштените бараки на прекршочниот суд

Редакција

Мигрант од Авганистан пронајден мртов во близина на железничкиот мост во Гевгелија, имал убодна рана

Редакција

Убава вест: Оздравени 505 болни од Ковид-19

Редакција