еМагазин
Image default
Бизнис

Со кредитот од Светска банка ќе се набавува скапа терапија за третман на пациенти заболени со Ковид-19

Министерството за здравство вчера испрати писмо до Европската комисија за резервација на најсофистицираната моноклона комбинирана терапија на антитела за третман на пациенти заболени од Ковид-19, со „коктел“ од „casirivimab” и „imdevimab”, информираат од таму.

„Денеска испративме писмо, преку заедничкиот механизам за набавка на ЕУ со кое аплициравме за уште една терапија против ковид, всушност на истиот принцип како што го набавивме лекот Ремдесивир.

За првпат во нашата земја ќе стигне најскапата терапија за ковид, т.н моноклони антитела, специфична за овој вирус. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земи, ќе биде и кај нас,“ вели министерот за здравство Венко Филипче и информираше дека лекот ќе биде набавен со помош на кредитот од Светска Банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макошпед“ се стекна со 1.224 акции од „Фершпед“

Редакција

„Фармахем“ го доби тендерот на Институтот за трансфузиона медицина за набавка на реагенси за крвна анализа вреден 622.000 евра

Редакција

Просечната нето-плата во ноември 33.011 денари

Редакција