еМагазин
Image default
Македонија

Заев, Димитров и Османи утре во Софија ќе се сретнат со бугарскиот премиер и претседателот Радев

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата, Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе оствари работна посета на Софија.

Целта на посетата, како што информираат од владината прес-служба, е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Северна Македонија.

Премиерот и владината делегација ќе остварат работни средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот на Бугарија Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во Република Бугарија.

Пред почетокот на седницата на бугарската Влада, премиерот Јанев соопштил дека „прашањата што ќе бидат разгледани се од исклучителна важност и за двете страни.“

Тој изразил надеж дека практичните чекори што можат да се преземат меѓу владите на Бугарија и Македонија подоцна може да се рефлектираат во позиција што ќе биде разгледана во новиот бугарски Парламент и да се бара трајно решение, што ќе биде во интерес на европската интеграција и перспектива на сите земји од Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев не е оптимист дека до 22 јуни ќе има решение со Бугарија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за национална безбедност ги демантира наводите за апсења на нивни вработени

Редакција

Во Собранието пак нема кворум: Додека граѓаните и фирмите чекаат пари, пратениците со меѓусебни обвинувања

Редакција

Владимир Анчев е новиот државен секретар во Министерството за одбрана

Редакција