Очекувам посветеност, одговорност, отворен пристап и прогресивно политичко дејствување, во интерес на сите граѓани на Северна Македонија и во интерес на социјалдемократското семејство, напиша на Фејсбук премиерот во заминување и доскорешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев честитајќи му ја победата на новиот лидер на партијата, Димитар Ковачевски.
-Членовите на СДСМ го избраа новиот претседател на партијата, на демократски внатрепартиски избори.
Му честитам на Димитар Ковачевски и му посакувам успех. Им честитам на сите членови на СДСМ кои гласаа на внатрепартиските избори и со тоа покажаа висока демократска свест и однесување.
СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија гласаше достоинствено и европски, за стабилна македонска иднина, напиша Заев на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Секогаш кога СДСМ е силен и има јасна агенда, државата оди напред
Кој е Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ
Фото: СДСМ