еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ

Димитар Ковачевски е новиот лидер на СДСМ. Тој беше избран на вчерашните вонредни внатрепартиски избори на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ

Каков имот пријавил Димитар Ковачевски, кој ќе се кандидира за претседател на СДСМ

Кој е Ковачевски

Ковачевски е роден 1974 година во Куманово.

Средното образование го завршил во Вотервил Елизиан Мористаун гимназијата во Минесота, САД.

Во 1998 година дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“, каде и магистрирал во 2003 година.

Докторските студии по економија ги завршил на Економскиот факултет на Универзитетот Црна Гора во 2008 година.

Поминал и стручно усовршување на Школата за бизнис на Харвард универзитетот во 2011 година, Европскиот претприeмнички колоквиум на Техничкиот универзитет во Минхен каде стана ЕФЕР ЕЕЦ алумни, на Ротердам школото за менаџмент при Еразмус универзитетот во Холандија и ЕАДА Бизнис школата во Барселона.

Доктор е на економски науки и вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ колеџ – Скопје.

Зборува англиски и германски јазик.

Професионална кариера

Во биографијата на Ковачевски пишува дека работната кариера ја започнува во Македонски телеком АД Скопје, како соработник за финансии и координатор за регулирање и хармонизација на контрола на финансии (1998-2005 година), а потоа напредува на низа менаџерски позиции, директор на управување со маркетинг и продажба (2005-2008 година), директор на маркетинг комуникации (2008 -2010 година), директор на комуникации (2010-2016 година) и директор на резиденцијална продажба (2016-2017 година).

Бил дел од меѓународниот бренд комитет и меѓународниот комитет за комуникации на Дојче Телеком (2008-2016 година).

Потоа станува извршен директор на оне.Вип Македонија, (А1 Македонија), дел од Телеком Австрија групацијата (2017-2018 година).

Ковачевски е еден од основачите на фабриката за производство на фотоволтаични соларни модули и производство на фотоволтаични термални модули, прва од овој тип во Македонија, на компаниите „Пиксел Груп“ и „Солар-ЕТ“.

Политичка кариера

Во 2020 година бил дел од Економскиот совет на Владата за справување со економските последици од корона пандемијата.

Член е на Извршниот комитет на СДСМ од мај 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Секогаш кога СДСМ е силен и има јасна агенда, државата оди напред

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ноември 89% од потрошената струја е од домашни извори

Редакција

Уште тројца вработени во затворот Идризово се суспендирани поради бегството на Мемети

Редакција

Дипломирала со просек од 9,94: Што пишува во биографијата на идната министерка за финансии, Ангеловска

Редакција