еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на Христијан Мицкоски, старо-новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ

На вчерашниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски, доби нов мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски најави нов концепт – општествен консензус за заеднички патриотизам

Кој е Мицкоски

Мицкоски е роден на 29 септември 1977 година во Скопје.

Тој е доктор по технички науки и професор на Машинскиот факултет во Скопје.

Студирал на Машинскиот факултет во Скопје во периодот од 1996 до 2001 година.

Со звањето магистер по технички науки се стенува во 2003 година при завршување на постдипломските сртудии на Машинскиот факултет во Скопје со магистерската тема „Оптимизациона синтеза на лостови механизми“.

Професионална кариера

Во периодот од 2001 до 2002 година работи како главен и одговорен проектант и изведувач на теротехнички инсталации во Фонко клима, Скопје.

Од 2002 до 2004 година работи како помлад асистент на Машинскиот факултет.

Од 2004 до 2009 година работи како асистент на истиот факултет.

Во периодот од 2009 до 2014 година работи како доцент.

Во 2014 година на истиот факултет избран е за вонреден професор.

Политичка кариера

Во 2016 година е избран за претседател на Управниот одбор и за генерален директор на ЕЛЕМ.

На таа позиција останува до август, 2017 година, кога е разрешен.

Во периодот 2015–2017 година беше советник за енергетика на премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев.

Во јуни 2017 година, по изборот на новата влада на СДСМ, Мицкоски се повлекува од позицијата советник за енергетика, а во истиот период тој се повлече и од други комисии во кои функциите ги извршувл бесплатно.

Партиска кариера

Мицкоски го доби првиот претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ пред четири години, на 23 декември 2017 година, кога на вонреден Конгрес во Валандово беше поддржан од 376 делегати (од вкупно 438).

На изборите во 2008, 2014 и 2016 година е дел од Републички изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за изборната единица четири.

Од 2010 до 2012 година бил ко-претседател на Комисијата за енергетика.

Бил член на Републичкиот изборен штаб на изборите во 2011 година.

Од април 2017 година е претседател на кадровата комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Од јуни 2017 до декември истата година ја извршува функцијата генерален секретар на партијата.

Пред локалните избори (на 5 декември 2017 година) се повлече од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат на советник во Советот на Град Скопје.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет лица починале од Ковид-19, кај седум од нив регистрирани коморбидитети

Редакција

(Графикон) 74 случаи од заболените со коронавирусот во Македонија се импортирани

Редакција

Фондот за здравство ќе покрива операции за промена на полот

Редакција