еМагазин
Image default
Македонија

Заев ќе го тужи потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски за изјава за “Рекет“

Потпреседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска на прес конфренција информираше дека добил тужба од премиерот Зоран Заев за изјава за случајот „Рекет“.

„Имено во текот на вчерашниот ден добив писмо адресирано од премиерот Зоран Заев во кое што писмо се заканува со тужба за клевета. Имено цитирам моја изјава дадена по повод верскиот празник Богородица во која што на новинарско прашање одговарам околу прашања поврзани со аферата „Рекет“.

Наместо како што личи во секоја нормална и демократска држава доколку не се согласува политичкиот опонент со она што ние го кажуваме истото да го демантира или во јавноста да приложи спротивни факти и аргументи.

Зоран Заев од позиција на премиер, најмоќен човек во државата решава да се заканува со тужби. Сметаме дека ова е класичен обид за притисок и за замолчување на опозицијата“, изјави Николоски.

Тој вели дека за „Рекет“ има активна истрага и дека негова работа како политичар и како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ е јавно да поставувам прашања, дилеми и да споделува информации.

„И на тој начин да ја отвориме оваа дебата во јавноста и секако на еден демократски начин да извршиме притисок врз институциите, истите побрзо да ја завршат истрагата.

Кој верува во оваа држава дека Боки 13 сам рекетирал и дека бизнисмените сами му ги давале парите? Па денар нема да му дадат, а не тешки милиони доколку позади него не стојат највисоките структури на власта.

Она што е интересно во писмото кое што ви го доставив Зоран Заев воопшто не демантира дека се изрекетирани преку 20 милиони евра. Ниту демантира дека повеќе бизнисмени се изрекетирани со што само ги потврдува нашите сознанија. Дека рекетот бил далеку подлабоко од она што се знае во јавноста. Единственото што го спори е дека тој ја координирал оваа акција.

За таа работа ќе се видиме и со Зоран на суд и исто како во тужбата со брат му Вице јас планирам сам да се бранам, да не ангажирам адвокати, слободно може тој да си ангажира најскапите адвокати во државава. Па ќе видиме на чија страна ќе е вистината.

Исто така би сакал да информирам дека за овој притисок кој што власта го врши врз опозицијата и чија што цел е многу јасна, а тоа е од една страна да се дефокусира главната тема, а тоа е кој е на врвот на пирамидата за аферата „Рекет““, рече Николоски.

Тој најави и дека во текот на утрешниот ден на писмено ќе бидат информирани сите дипломати во државава, а за исто ќе реферирал и средби во Брисел следната недела.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осум новозаразени со Ковид-19 во Крива Паланка

Редакција

Грција ќе постави табли со новото име, аеродромот во Солун останува „Македонија“

Редакција

Двајцата македонски државјани кои беа во камп во Мароко пристигнаа во Мадрид

Редакција