еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Заев: Гледате дека моите суети ги ставам на страна, сакам искрено да градам пријателство

Правам сè за да изградам пријателство. Гледате дека моите суети ги ставам на страна, сакам искрено да градам пријателство. Бугарија е партнер на Македонија и тоа го покажа неколку пати и не е во ред тоа да го заборавиме, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов ја гледа како закана за евроатланските аспирации на Македонија.

– Апелирам сите заедно да ги тргнеме политичките интереси, голиот популизам и она што навистина не предизвикува да бидеме недоволно внимателни. Договорот со Бугарија го потврдивме преку нашите потписи но треба тоа да го негуваме и доградуваме и постојано да тежнееме кон градење пријателство кое од обостран интерес на двете земји и двата народи и на генерациите кои што доаѓаат. Треба сите да внимаваме и да придонесуваме во тоа заедничко пријателство – рече Заев кој на прашањето дали двете земји конечно ќе се договорат за Илинденското востание тој одговори дека веќе одбележуваме дел од нашата заедничка историја.

Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија предупредува, но нема да блокира за преговорите со ЕУ

Редакција

Филипче на видео-конференција со колегите од регионот: Договорено да се изработи иницијален документ на взаемен протокол за границите

Редакција

Македонија и Албанија потпишаа Договор за заеднички гранични и царински контроли

Редакција