еМагазин
Image default
Бизнис

Заев: Државата сака да си ги наплати даноците и тука нема ништо недемократски

Државата нема аспирации да навлегува во детали на трошењето на парите на граѓаните, но во делот на приходите, многу демократски земји имаат увид во приходот кој што го остваруваат даночните обврзници, одговори денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со можноста УЈП да има увид во банкарските сметки на граѓаните.

„Даночната евазија во Македонија е голема и тоа најчесто е присутна каде што има најмногу приходи, кај побогатиот слој на населението. Конечно создадовме систем, преку поврзувањето со банкарскиот сектор УЈП да има увид во приходите кои што се цел на оданочување од страна на државата. Апсолутно тука нема ништо недемократски, а и до сега државата преку одредени институции можела да направи увид во некои сметки. Апелирам до граѓаните да нема никаква стравови, се работи за подготовка на државата во извршување на државата да ги наплаќа даноците“, вели Заев.

На прашањето дали ќе се оданочуваат приливите кои стигнуваат од иселениците, Заев рече дека мора да биде кристално јасно дека ќе се оданочува само оној приход кој е заработка.

– Она што е помош на семејствата од своите од надвор, тоа не е цел на оданочување согласно законите на Македонија. Ако некој има приход од странство затоа што работел и заработил во странство или направил некоја интелектуална услуга во странство, тоа е приход кој што се оданочува. Дотациите и донациите кои што нашинците ги испраќаат на нашите сограѓани нема да се оданочуваат – вели Заев.

Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ивица Талевски, директор за одржливост на САСА, избран за нов претседател на Македонската асоцијација за рударство

Редакција

(Галерија) Тиквеш ќе привлекува туристи преку автентични поизолирани сместувачки капацитети, добра храна и вино

Редакција

Нови протоколи: На една маса во кафетериите и рестораните ќе можат да седат неограничен број гости

Редакција