еМагазин
Image default
Македонија

Заев го тужи потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски за клевета дека бил врвот на пирамидата во случајот „Рекет“

Во Граѓанскиот суд во Скопје денеска се одржа рочиште по тужбата на премиерот Зоран Заев за потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, за клевета за изјавата на Николовски дека „Заев е врвот на пирамидата во случајот „Рекет“.

На првото рочиште Николовски како доказ ја прикажал снимката на осудениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, во која тој изјавува дека „парите од Рекет треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви“.

Премиерот Заев по рочиштето изјави дека зад целиот процес стои ВМРО-ДПМНЕ и дека очекува судот да докаже дека Николовски неосновано клеветел.

-Јас тврдам дека овој процес за моја наводна поврзаност со рекетирање е масло на ВМРО-ДПМНЕ и затоа барам кривична одговорност со тоа што очекувам судот да потврди дека се работи за клевета, навреда и за нарушување на мојот чест и углед, истакна Заев одговарајќи на новинарско прашања.

Премиерот и претседател на СДСМ посочи дека тврдењата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски не се поткрепени со никакви докази и аргументи, и дека очекува процесот пред судот тоа и да го покаже и Николовски да биде казнет за јавно изречените клевети.

Николовски, пак, по судското рочиштето изјави дека се брани сам, без адвокат, и дека се обидува правно да ја добие битката.

-Јас тоа сум го кажал во текот на август 2019-та година врз основа на сите сознанија кои што стигале до мене во тој момент. После тоа времето покажа дека сум бил во право.

Затоа што во август 2019-та година тезата беше дека е рекетиран еден бизнисмен. Во февруари 2021-та година сите знаеме дека се рекетирани повеќе бизнисмени, тоа не го утврдив јас, го утврди Кривичниот суд во Република Македонија.

Во август 2019-та година тезата беше дека се изрекетирани помеѓу еден и еден ипол милион евра, сега сумите со она што досега го има докажано Кривичниот суд можеби ќе ја надминат таа сума од 20 милиони евра, изјави Николовски.

Заев го тужи Николовски за изјава дадена во август 2019 во контекст на случајот „Рекет“ во која го обвинува дека е на врвот на пирамидата што изрекетирала над 20 милиони евра. Заев како отштета бара 60.000 денари.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за насилството во Собрание

Редакција

Заев: На уставните измени ќе се работи по референдумот, целиот процес за 106 денови

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ најавува нова доктрина и кадровски промени по Конгресот на 12 декември

Редакција