еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев и дел од министрите до 12. август на одмор

Во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор, информираат од Владата.

“Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки.

Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно.

Овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Арjанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Шакири и Бајдевски, министерката и заменик министерот за образование Царовска и Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Буши, заменичката министерка за животна средина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Нухиу.

Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции“, велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев планира одмор на Јадранско море, Турција или Грција, а ќе има и викенд-дружба со Ципрас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МПЦ пред Велигден повика да се почитуваат мерките за превенција од коронавирусот

Редакција

Истражување во Израел: Три дози од Фајзер штитат од омикрон, но 4 пати помалку од делта сојот

Редакција

Доживотен затвор за двојниот убиец од Струмица

Редакција