еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев и Мицкоски се договорија, избори на 15 јули

Парламентарните избори ќе се одржат на 15 јули. За овој датум, како што објави, лидерот на СДСМ Зоран Заев, е постигнат договор меѓу него и лидерот на опозоциската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од кого очекува јавно да го потврди тоа.

– Ние преземаме чекор веднаш да заврши оваа игра на нерви за да не страда народот. СДСМ ја покажува својата големина, разбирање и одговорност. За да не страда народот, го заклучуваме 15 јули како конечен последен датум за избори, изјави Заев.

На прес-конференцијата рече дека Мицкоски се согласил на 15 јули да има избори. Два дена претходно ќе гласаат болните и изнемоштените, меѓу кои и лицата со коронавирусот.

Од претседателот на државата Стево Пендаровски ќе биде побарана нова вонредна состојба само за изборите.

-Натаму граѓаните ќе кажат кој ќе се справува со Ковид на есен, изјави Заев.

Изборите ќе бидат на 15 јули, среда неработен ден, а молкот ќе почне на 12 јули на полноќ.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Како ќе изгледаат изборните активности и гласањето во време на корона вирусот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ресорт Маврово со нови содржини и поевтини сезонски ски-карти

Редакција

Резултатите од вештачењата за автобуската несреќа во Бугарија би можело да бидат готови викендов

Редакција

Обвинителство: Извршен претрес во неколку стана во Скопје во врска со предметот „Плацеви на Водно“

Редакција