еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Мијалков и тоа како е виновен, но лошотијата, злобата доаѓа од конзументот Груевски

Премиерот Зоран Заев денеска по сведочењето во Основниот кривичен суд во Скопје за незаконското следење на комуникациите во случајот „Таргет – Тврдина“ изјави дека нема ништо спорно во сведочењето на Зоран Верушевски. Тој со него е во секојдневна комуникација како негов советник за национална безбедност. Вели, Сашо Мијалков и тоа како е виновен за прислушувањето, како тогашен прв човек на веќе згаснатата Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК).

-Сашо Мијалков и те како е виновен како директор на УБК, но лошотијата, злобата доаѓа од тој што конзумирал. Чесен политичар го спречува тоа ако го увиди, не го конзумира, изјави Заев по сведочењето.

Тој истакна дека верува оти и на Мијалков и на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и на Никола Груевски, кој е во бегство, но и на сите граѓани во земјава им е јасно како бел ден кој прислушувал и кој е одговорен за незаконското прислушување.

-И сите очекуваат да се изрече казна. Тоа е докажано не само со мојот исказ и сите што сведочеле, тоа го докажуваат вештачењата, автентичноста на разговорите. Кој тоа прислушувал, како се случувало, јас минував низ драматични моменти тоа да го споделам со јавноста за денеска да биде повеќе од јасно кој ги кршел масовно човековите права во тогаш Република Македонија. Јасна е веригата, конечниот конзумент бил Никола Груевски,  одговорни се министерот за внатрешни работи, директорот на УБК, Горан Грујовски, Никола Бошковски и другите за кои постојат докази дека правеле незаконски дејствија, а со тоа ги нарушиле човековите права, рече Заев.

Во врска со случајот „Пуч“, Заев нагласи дека тогашниот состав на Јавното обвинителство наместо да го истражува масовното прислушување се ставило во функција на политиката, предводена од Груевски и ги гонело него, Верушевски, неговата сопруга, свиркачите Ѓорѓи Лазаревски, Ѕвонко Костовски.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев дознал за „бомбите“ од Верушевски, најприслушувани биле тој и Црвенковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Управниот одбор на ЗНМ едногласно утврди дека Чадиковски е легитимно избран за нов претседател

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ не смее да биде уценето

Редакција