еМагазин
Image default
Македонија

Заев очекува МВР да го објави извештајот за пожарот следните денови

Премиерот Зоран Заев очекува следните денови Министерството за внатрешни работи да го објави извештајот за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово, за јавноста да биде информирана и за да може како претседател на Владата да донесе одлука за понудените оставки на министерот и заменик-министерот за здравство.

– Делот од форензиката и вештачењето што го направи МВР е доставено до Јавното обвинителство и од тој аспект очекувам во следните денови да се објави од страна на Министерството за внатрешни работи, а Јавното обвинителство може да продолжи со истрагата и да утврди други аспекти ако треба.

Но, одговорот на прашањето од што е настанат пожарот и сите детали поврзани со настанувањето на пожарот, очекувам да бидат јавно објавени за да знаат граѓаните, но тоа е и основата за да донесам одлука во врска со понудите оставки на министерот и заменик-министерот за здравство, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.

Во однос на извештајот на германските експерти, Заев рече дека начелно тој се очекува за околу две недели по нивното заминување.

– Колку што сум информиран од министерот за внатрешни работи по заминувањето на германските експерти начелно за околу две недели се очекува да стигне нивниот извештај, посочи Заев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи и Дендиас од Атина: Северна Македонија и Грција се стратешки партнери

Редакција

Сите детали: Објавен “францускиот предлог“

Редакција

Димитриевски до Владата и пратениците: Народот во песни ќе ве опева како уништувачи на сопствениот род

Редакција