Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на Фејсбук, жестоко реагираше за прифаќањето на „францускиот предлог“.
“Не очајувај македонски народе, борбата продолжува до конечна победа, тоа што е наше не го даваме на никој!
Порака до сите што го поддржаа “францускиот предлог” (Влада и пратеници): Како ќе ги погледнете своите во очи, срам да ви е, народот во песни ќе ве опева како уништувачи на сопствениот род.
Пој сподели и изрека на Крсте Петков Мисирков:
“Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Села и двајца пратеници на Беса не гласаа за заклучоците за „францускиот предлог“
Кој е Диме Велковски, пратеникот од СДСМ кој не гласаше за заклучоците за „францускиот предлог“
Цела листа: Кои пратеници дадоа амин за „францускиот предлог“
Малинка Ристевска-Јорданова: Пратениците Македонци беа надгласани, опасен преседан, подржан од ЕУ
Фото: Димитриевски/Фејсбук