еМагазин
Image default
Бизнис

Заев: Од 61 лиценца за производството на канабис, само една е на мој прв братучед

Проценката за производството на медицински канабис во земјава само со актуелните 60 лиценци е преку 250 милиони евра, што е 2,5 отсто од бруто-домашниот производ (БДП). Верувам дека ќе имаме отрезнување од страна на опозицијата за деблокирање на законите во Парламентот. Во моментов бараме решение како да овозоможиме и извоз на цвет, кој се употребува од индустријата за препарати за кожа, а има и други намени. Тоа ќе значи флексибилност во производството и привлечност за нови инвестиции, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарски прашања, Заев уште еднаш нагласи дека од вкупно издадените 61 лиценца, само една е на член на неговото семејство, односно на неговиот прв братучед.

-Од 61 лиценца, една е на член на моето семејство, на мој прв братучед. Останатите 60 се на други инвеститори во државата, домашни и странски. Во еден наврат мојот братучед и јавно рече „да ја затворам компанијата ако е пречка за сите други“.

Но, во сите македонски компании работат наши граѓани, платата е меѓу 700 и 1.500 евра. Во однос на поднебјето и климатските услови сме попримамливи и од Португалија, а како дестинација сме една од најпривлечните за инвестиции во медицински канабис, нагласи Заев.

Во законот, рече премиерот, е планирано покрај десетте отсто за данокот на добивка, да се плати и десет отсто од извозната фактура за шест намени: три отсто за ретки болести, два отсто за агенцијата за медицински канабис, 1,25 отсто за фонд за медиуми, 1,25 отсто за невладиниот сектор, 1,25 отсто за спорт и 1,25 отсто за културни настани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Кои се фирмите кои влегоа во бизнисот со медицинска марихуана во Македонија

Најмногу фирми за одгледување медицинска марихуана има во Струмица и Скопје

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Редакција

Во блок-трансакции продадени 4.000 акции од Комерцијална банка за 364.000 евра

Редакција

Кои се топ пет трговски партнери на Македонија?

Редакција