еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сменет целиот Извршен одбор на СДСМ

Целиот извршен одбор на СДСМ, сите шест потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и координaторката на Форумот на жени се разрешени вечерва на седницата на Централниот одбор на СДСМ, информираше лидерот на партијата Зоран Заев.

„Ветивме промени и се случуваат. СДСМ вечерва демонстираше сериозна одговорност пред граѓаните и сопствената земја. Донесовме одлуки што носат суштински промени“, рече Заев.

Според одлуката разрешени се Александар Кирацовски, генерален секретар, Миле Зечевиќ организациски секретар, Дане Талевски, меѓународен секретар, Цветанка Ласкова координатор на Форумот на жени и шесте потпретседатели Фросина Ташевска Ременски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.

Кои ќе бидат новите членови на Извршниот одбор на партијата ќе биде познато деновиве, најави Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Заев најави смена на повеќе од тројца министри

Министерот Љупчо Николовски нов генерален секретар на СДСМ

(Фото) Насмевки и намуртени лица: Кој дојде на состанокот на Централниот одбор на СДСМ?

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две лица на 65 и на 86 години починаа во тетовскиот ковид-центар

Редакција

Дан и Лиа Пержовски ќе пренесат во МСУ, дел од уметничкиот концепт изложен во Њујорк

Редакција

Османи: Бугарија одговори на нашиот акциски план, ќе го разгледаме внимателно и ќе имаме појасна позиција

Редакција