Премиерот Зоран Заев синоќа не присуствуваше на Централниот одбор (ЦО) на СДСМ, но безбедно се вратил во државата по форумот во Давос.
Поради лошите временски услови авионот на владината делегација бил спречен да слета на скопскиот аеродром, па бил пренасочен во Софија.
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов му испратил џип на Заев, за делегацијата да пристигне во Скопје.
Поради снег и ветер, синоќа на пистата авион не успеа да полета поради заглавување во наноси од снег. Аеродромот беше затворен, но по 22.45 часот беше пуштен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопскиот аеродром пуштен за сообраќај откако авион пред полетување заглавил во нанос од снег
Фото: СДСМ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.