еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Со Бугарија разговараме на секторско ниво, не можам да ги разберам протестите на ВМРО-ДПМНЕ

Со Бугарија разговараме за патоказот, при што се водат разговори на секторско ниво за изградба на железниците, патиштата, Коридорот 8 и конекцијата меѓу двете земји, соработката помеѓу министерствата за култура, за образовани и наука, за труд и социјална политика и за здравство, како и помеѓу агенциите за млади и спорт и националните радиодифузни сервиси, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Тоа е патоказот за кој се разговара. Јас верувам ако се усвои, дефинитивно ќе биде потврден на меѓувладина конференција, која што ја водат двајцата министри за надворешни работи, нашиот министер и бугарскиот министер за надворешни работи.

Сето друго се разговара под раководство на португалското претседателство. Фокусот е реално таму заради тоа што Европа е исправена пред можноста да носи одлука на 22 јуни, додаде Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција на која беа презентирани одлуките од денешната владина седница, околу протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потенцира дека предлог на Португалија, која е актуелен претседавач со ЕУ, за надминување на разликите со Софија е доставен до нас, до бугарската страна, како и до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Мицкоски апсолутно знае дека предлогот е одличен и е појдовна основа за постигање на решението. И сега да продуцирате вака протести со 15 возила и 20 луѓе, 13 возила и 14 луѓе, не знам, 24 возила, ги следам извештаите кои излегуваат сега на медиумите, и 45 луѓе, е тоа се протестите само за да се блокира сообраќајот низ градовите и е порака која што никако не можам да ја разберам, додаде премиерот.

Според него, ваквиот став на опозицијата веројатно е поради стравот дека постои можност земјава да направи исчекор кон ЕУ и кон евроинтеграциите и конечно да ја одржиме првата меѓувладина конференција.

– Навистина очекувам она што е најмалку, е да се помогне во ова, наместо да се блокира. Но, не е ништо ново. Во последните четири години од ВМРО-ДПМНЕ освен блокади, освен кочници, освен правење опструкции на важните процеси коишто ја гарантираат македонската иднина и во нашите интеграции и во делот на економскиот стандард и економските перспективи, немаме видено ништо друго.

Секој со својата одговорност. Од овие четири сценарија или три сценарија или колку и да беа што ги кажа Мицкоски, јас верувам дека ниту едно не е прифатливо за граѓаните на нашата земја, потенцира Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Бараат Владата да каже за што преговара со Бугарија: Протести на ВМРО-ДПМНЕ со блокади на сообраќајот во Скопје и други градови

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тирана официјално потврди: Груевски преку Албанија заминал за Унгарија на 11 ноември

Редакција

СМС комуникација на Бајрами и Ахмети за случајот „Монструм“: Извршителите на убиството се професионалци

Редакција

20 нови случаи на заболени од корона вирусот, од кои 16 во Скопје

Редакција